Najlepše želje logo
Vrati se na vesti

ПРАВИЛА НА КОНКУРСОТ „И кога е ладно, за мене е лето – ADD YOURS Instagram филтер стикер” – МК

Actions Single Cover
Actions Single Track
Actions Single Coffe

ПРАВИЛА НА КОНКУРСОТ

„И кога е ладно, за мене е лето – ADD YOURS Instagram филтер стикер”

OРГАНИЗАТОР И ЦЕЛ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Трговското друштво „Atlantic Štark“ дoo Белград, Булевар Пека Дапчевиќа 29, мб 07026447, во натамошниот текст: Организатор, организира Конкурс под името „И кога е ладно, за мене е лето – ADD YOURS Instagram филтер стикер”.

Конкурсот се организира и спроведува поради промоција на Организаторот, неговите дејности и производи.

ИМЕ И ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот се организира под името: „И кога е ладно, за мене е лето – ADD YOURS Instagram филтер стикер“ (во натамошниот текст: Конкурс), поради промоција на кампањата „И кога е ладно, за нас е лето со чоколадата Najlepše želje Kapri”.

MEСTO НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот се организира на територија на Република Северна Македонија.

УСЛОВИ И ОПИС НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

На Конкурсот можат да учествуваат физички лица постари од 18 години, корисници на Интернет мрежи, со место на живеење односно престој во Република Северна Македонија, кои поседуваат активиран Инстаграм налог (во натамошниот текст: Учесници).
Од учество на Конкурсот исклучени се вработените кај Организаторот, како и вработените во правните лица кои учествуваат во организација на Конкурсот, како и нивни блиски роднини (родители, брачни другари, деца). Зa учество на Конкурсот корисникот се пријавува со надоврзување на ADD YOURS стикер објавен на профилот https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ во story секцијата на социјалната мрежа Инстаграм, со креирање фотографија на темата – „И кога е ладно, за мене е лето со чоколадата Najlepše želje Kapri“ и со делење на истото на својот профил со додавање на срце емотикон со жолта боја и обележување на профилот (тагнувањe) – https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ и https://www.instagram.com/frikomsrbija/

  • Профилот на учесникот мора да биде „отворен“ те. јавен.
  • Потребно е учесникот да го следи ttps://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ профилот за да има право да учествува во Конкурсот.
  • Со надоврзувањето на ADD Yours стикер и со објавувањето на фотографиите се смета дека учесникот ги прифатил овие правила од конкурсот.

Oрганизаторот го задржува исклучивото право од понатамошното учество да го исклучи кој било Учесник, за кого ќе воочи дека на кој било начин ги злоупотребил Конкурсот и условите дефинирани со Правилникот.

 ДЕТАЛЕН МЕХАНИЗАМ НА КОНКУРСОТ и НАГРАДИ

Учесникот се запознава со Конкурсот на официјалните канали на Организаторот на Конкурсот, Инстаграм профилот https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ и на сајтот https://najlepsezelje.com/.

Со надоврзувањето на ADD YOURS стикер објавен на профилот https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ во Story секцијата на социјалната мрежа Инстаграм и со поставување на авторската фото содржина – свои фотографии, со тагнување на профилот https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ и https://www.instagram.com/frikomsrbija/ и со додавање на срце емотикон со жолта боја ќе се смета дека Учесникот се пријавил за учество на Конкурсот и дека ги прифаќа правилата на Конкурсот.

Учесникот задолжително на фотографијата објавена во story секцијата мора да ги означи профилите https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ и https://www.instagram.com/frikomsrbija/ и да додаде срце емотикон со жолта боја за да може Организаторот да ги следи предлозите преку Инстаграм и да утврди дека е Учесникот од Република Северна Македонија.

За да може Учесникот да учествува на Конкурсот, неопходно е:

  • Да има јавен Инстаграм профил и да ја следи Najlepše želje Инстаграм страницата.
  • Да го искористи ADD YOURS стикерот објавен на профилот https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ во Story секцијата на социјалната мрежа Инстаграм, и да креира својата фотографија на тема – И кога е ладно, за мене е лето со чоколадата Najlepše želje Kapri“
  • Фотографијата да биде авторска и на фотографија да е присутен производот Najlepše želje Kapri чоколада
  • ADD YOUR колажот да го подели во Story секцијата на својот Инстаграм профил со обележување (таг) на профилот – https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/ и https://www.instagram.com/frikomsrbija/
  • Дa додаде срце емотикон со жолта боја.

Стручното жири на организаторот по завршување на Конкурсот избира вкупно 3 (три) добитници на наградите и тоа 1 (еден) добитник на главна награда и 2 (двајца) добитници на Najlepše želje Kapri сладок пакет врз основа на критериумот креативност и оригиналност на објавените колажи.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КОНКУРСОТ

Временскиот период на траење на Конкурсот e oд 24.01.2023 дo 06.02.2023 година. Добитниците ќе бидат прогласени на ден 07.02.2023 година, со објава на официјалниот Инстаграм профил на Организаторот на Конкурсот, во Story секцијата.

НАЧИН НА ДОДЕЛУВАЊЕ И ВИДОВИ НА НАГРАДИ

По завршување на Конкурсот, Организаторот од сите Учесници избира 3 (три) добитници на наградите, и тоа:

  • 1 (еден) добитник на Главната награда
  • 2 (двајца) добитници на Najlepše želje Kapri сладок пакет.

Критериум за доделување на награди на Учесниците на Конкурсот e креативност и оригиналност на објавената фотографија како и фактот дали фотографијата одговорила на зададената тема и на сите услови од Конкурсот дефинирани со овој Правилник.

Организаторот на добитниците ќе им ги додели следните награди:

  • 1 Главна награда (6 Najlepše želje Kapri чоколади, брендирана плетена памучна торба, брендирани очила за сонче и пакетче кое се состои од custom made приврзоци, брош и пин инспирирани од Najlepše želje Kapri чоколада и десерти),
  • 2 Najlepše želje Kapri слатки пакети (6 Najlepše želje Kapri чоколади)


Oсвоените награди не може да се заменат за други награди или за готови пари. Начинот на доставување односно преземање на наградите ќе биде договорен директно со добитникот.

УСЛОВИ И ОГРАНИЧУВАЊА

Организаторот го задржува правото да не ги земе предвид објавите кои не ги задоволуваат условите на Конкурсот наведени во овие правила, како ни објавите кои комуницираат неадекватна содржина, ширење на омраза и дискриминација по која било основа.

Организаторот не сноси одговорност доколку дојде до прекин на Конкурсот поради влијание на виша сила која не можел да ја спречи.

Организаторот не презема одговорност за која било штета создадена поради злоупотреба на овој Конкурс, а која на тој начин од страна на учесниците или трети лица ќе им нанесе на другите лица учесници на Конкурсот, или на трети лица.

Oвие правила на Конкурсот oбјавени се на интернет страницата https://najlepsezelje.com/ и во опис на официјалниот Инстаграм профил на Организаторот  https://www.instagram.com/_najlepsezelje_/

OДГОВОРНОСТ И ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Организаторот не сноси никака одговорност за последиците создадени поради неточни или погрешни податоци кои ги дал Учесникот. За неуспех или спреченост во реализацијата на испорака на наградите поради недостаток/грешки во податоците кои ги дал Учесникот (на пр. Погрешно име и презиме или адреса, итн.) oдносно за штетите кои произлегле од тоа, Организаторот не сноси никаква одговорност.

Организаторот не сноси одговорност поради доцнења предизвикани од пречки во функционирањето на Инстаграм социјалната мрежа, oдносно ако таа не му е достапна на Учесникот или пак услугата не може да се користи поради причини кои не зависат од Организаторот.

Организаторот не сноси одговорност и исклучување на можноста барање на каква било оштета за време на учеството во конкурсот, поради други технички проблеми.

Организаторот не сноси одговорност поради технички грешки или грешки во внес на податоците за време на функционирање на конкурсот и други причини, кои не зависат од Организаторот.

Организаторот не е одговорен доколку социјалната мрежа Инстаграм на која се организира Конкурсот привремено не биде во функција поради виша сила или случај, односно поради настани кои се вон контрола на Организаторот.

Организаторот не е одговорен доколку социјалната мрежа Инстаграм на кој било начин на Учесникот не му дозволува учество во Конкурсот, како и доколку од страна на мрежата не е одредена опција за учество, или кој било недостаток на личниот профил на Учесникот на Конкурсот.

Организаторот не е одговорен за несаканите последици кои учесниците ги претрпеле поради учество на Конкурсот.

ИСПОРАКА НА НАГРАДИТЕ

Нагадите ќе бидат доставени од страна на Организаторот најдоцна во тек на 30 работни дена откако стапил во контакт со добитниците кои ги исполнуваат сите услови на Конкурсот.

Добитниците се должни во рок од 7 (седум) дена сметајќи од денот на контактирање преку Инстаграм профилот да достават податоци за испраќање на пакетот – име и презиме, адреса и телефон за контакт. Ако во наведениот рок не достави податоци, ќе се смета дека се откажал од наградата и нема да се бараат заменски добитници.

Организаторот не сноси одговорност доколку не може да стапи во контакт со добитникот во рокот одреден со овие правила.

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ОД КОНКУРСОТ

Организаторот го задржува правото без какво било претходно известување, да го исклучи Учесникот од понатамошно учество на Конкурсот и/или да не му додели награда, доколку во меѓувреме ја освои, односно бара поврат на наградата, доколку утврди дека:

– учесникот не ги исполнува условите и критериумите за учество;

– доколку учесникот не ги почитува односно прекрши која било одредба од овие правила ;

– доколку Организаторот oцени дека учеството на некој од учесниците не е возможно или пожелно,

– доколку учесниците објават содржина која не е во согласност со имиџот на брендот и компанијата

– како и во другите случаи пропишани со овие правилa;

Учесниците кои дале неточни, нецелосни или туѓи податоци, односно ги повредиле правата на трети лица, сопственици на овие податоци, исклучиво одговараат за таквата злоупотреба на податоците, односно повреда на правата, додека Организаторот нема да биде одговорен за таквиот случај на ниту еден начин и под кои било околности.

СОГЛАСНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНО ДОБРО И ПРЕНОС НА АВТОРСКИ ПРАВА

Учесникот на Конкурсот дава експлицитна согласност за користење на своето лично добро на поставената фотографија или видео снимка, како и евентуална идна огласна порака. Учесникот на Конкурсот, во случај на запис на лик на трето лице, доколку може да се препознае идентитетот на тоа лице, гарантира дека поседува експлицитна согласност од тоа лице за користење на неговото лично добро (лик) на поставената фотографија или видео снимка, како и евентуална идна огласна порака. Во тој случај на Организаторот му се отстапува правото на лично добро, без посебна надомест, и Организаторот не сноси одговорност за евентуална надомест на штета по основа на користење на лично добро и/или задржува регресно право кон учесникот на Конкурсот во случај на повреда на чие било право или лично добро.

Учесникот мора да биде единствен и експлицитен носител на авторските права на поставената фотографија и/или објавената видео снимка, односно текст.

Со учество на Конкурсот, учесникот на Конкурсот експлицитно изјавува дека исклучиво на Организаторот му ги пренесува предметно, просторно и временски неограничено сите авторски имотни права на фотографиите или видео снимката (авторско дело) без обврска за наведување на име на авторот.

Учесникот гарантира дека со поставената фотографија, видео снимка или текст во целост не повредува авторски и други права на трето лице. Ако дојде до повреда на право на интелектуална сопственост или на некое сродно право, експлицитна одговорност за повредата сноси Учесникот кој ја поставил фотографијата.

Учесникот експлицитно изјавува дека е единствен сопственик на сите авторски права на фотографијата/ видео снимката и гарантира дека авторското дело кое е предмет на овој договор не содржи права на трети лица, авторски права или какви било други наслови.

Организаторот може неограничено да ги пренесе стекнатите авторски права на трети лица, со што учесникот експлицитно се согласува.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ДОБИТНИЦИТЕ

Со учествувањето на Конкурсот, Учесниците во целост ги прифаќаат овие Правила, се согласуваат Организаторот да ги собира и обработува личните податоци наведени во овие Правила, и потврдуваат дека се запознаени со целта за користење на нивните лични податоци и постапување со истите.

Учесникот кој со учеството во оваа програма дал полноважна согласност за обработка на податоците може да ја отповика таа согласност во секој момент, писмено или усно на записник кај Организаторот.

Со учеството во овој Конкурс Учесниците се согласуваат и даваат дозвола, доколку станат добитници на награда, Организаторот да може без надомест да ги користи и јавно да ги објави во печатен, звучен, видео материјал неговите лични податоци име, презиме, прашање и други податоци кои учесникот/добитникот ќе ги стави на располагање, со цел јавна објава на резултатите од Конкурсот, како при објава на добитниците и доделување на награди, така и во објава на репортажи, статии, дигитални објави или слични материјали во врска со Конкурсот. На повик на Организаторот, добитникот на наградата ќе даде своја согласност во писмена форма.

Учесниците се информирани дека за целите на конкурсот се прави пренос на личните податоци во Република Србија и се запознаени со политиката на приватност на Организаторот.

Организаторот со сите лични податоци кои ќе ги собере и обработи за време на овој Конкурс ќе постапува со посебно внимание, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни прописи.

Организаторот, како раководител со збирката лични податоци на учесниците на Конкурсот, собира, води, одржува и обработува збирка собрани лични податоци исклучиво поради спроведување на Конкурсот и промотивните цели на Организаторот, согласно овие Правила.

При пријава или дополнително за времетраење на Конкурсот, на посебно барање на Организаторот, учесникот со активна потврда на активностите, ако сака ќе даде своја согласност за користење на  задолжителни податоци и за други цели (на пр. зa aвтоматизирана обработка на лични податоци и персонализиран пристап на учесникот, користење од страна на поврзани друштва на Организаторот итн.), и доколку сака, ќе даде и други, дополнителни лични податоци за користење и обработка во точно наведени други цели.

На тој начин дадената согласност учесникот во секој момент може да ја повлече со испраќање на барање на е-пошта адреса или на адреса на седиштето на Организаторот според контактите на веб страницата на Организаторот. Организаторот користи и обработува лични податоци исклучиво доставени од страна на учесниците, и исклучиво учесникот е одговорен за точноста и исправноста на дадените податоци и должен е и одговорен навремено да го извести Организаторот за нивната промена.

Учесниците имаат право во секој момент да побараат информации за своите лични податоци кои ги обработува Организаторот или да побараат исправка на истите, може да бараат престанок на користење на истите или бришење на своите лични податоци во сите или само за некои цели (освен ако се работи за обработка на податоците во статистички цели кога личните податоци повеќе не овозможуваат идентификација), oдносно и пренос на податоците под законски услови или извршна одјава на примања на информативни и промотивни материјали на Организаторот.

Учесникот исто така може да поднесе и приговор на користењето на своите лични податоци во ситуации кои кај Организаторот се темелат на постоење на својот легитимен интерес, а секако кога Организаторот ги користи за потребите на директен маркетинг.

За остварување на сите свои права и обврски во поглед на користењето на личните податоци, учесникот може да се обрати на е-пошта адреса или адреса на седиштето на Организаторот или според упатствата на доставените промотивни материјали.

Сите лични податоци ќе бидат заштитени со примена на примерни организациски и технички мерки, и со истите ќе се постапува законски и чесно согласно важечките прописи од областа на заштита на личните податоци.

Сите останати детали во врска со постапувањето и заштита на личните податоци и остварувањето на своите права учесникот може да ги прочита во Правилата за заштита на приватноста и Политиката за колачиња, кои се достапни на интернет страницата на Организаторот.

ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ

Сите жалби и рекламации ги решава Организаторот. Во случај на основани жалби Организаторот се обврзува во колку што е возможно пократок временски период да ги реши и за тоа да ги извести учесниците на Конкурсот.

ДАНОЦИ

Учесникот на Конкурсот, добитникот на награда, не сноси никакви даноци, обврски или надомести директно поврзани со наградата. Сите евентуални даноци во име и за сметка на добитникот на наградата ги сноси Организаторот.


OСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Организаторот на Конкурсот го задржува правото на дополнувања и измени на овие услови и се обврзува дека секоја нивна измена или дополнување ќе ги објави на интернет страницата https://najlepsezelje.com/.

Oдлуката на Организаторот за сите прашања во врска со Конкурсот и правилата, поврзани со него, е конечна и важи за сите учесници.

Во случај на каков било спор или нејансост, овие правила се сметаат за примарни во однос на сите евентуални други известувања, во печатена, електронска или која било друга форма. Автентично толкување на овие правила дава исклучиво Организаторот.

Организаторот го задржува правото на промена на овие Правила, на прекин на Конкурсот или на целосно стопирање на Конкурсот, ако тоа го налагаат правни, технички или комерцијални причини. За сите евентуални промени Организаторот ќе ги извести учесниците со известување на својата интернет страница https://najlepsezelje.com/

Во Белград, 26.01.2023. година

зa Atlantic Štark дoo Белград

                                                                                                                       Maтe Штетиќ, директор